На првиот претседателски изборен круг гласачите го „делигитимираа Христијан Мицкоски и неговите политики“, изјави на денешната прес-конференција премиерот Зоран Заев која беше одржана на отворено зад Меморијалниот центар „Мајка Тереза“.

Заев потенцираше дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ имаат за десет проценти помалку гласови отколку на локалните избори во 2017 година.

На прашањето дали и кога ќе следи најавената чиста, тој даде поширок одговор во кој се содржат анализи за резултатот од првиот претседателски изборен круг.

Анализите покажаа дека прашањето за името и Договорот од Преспа постигнат со Грција не се причините за неисполнување на нашите очекувани резултати, зашто на референдумот излегоа 669.000 граѓани, а „за“ гласаа 609 илјади. Ако вистинското мнозинство биле против, за Гордана Силјановска Давкова се изјаснија 319.000 граѓани, кои се навистина против Договорот. Тоа го расчистуваме“, рече Заев.

Тој додаде дека анализите покажале причината не е ни во затворањето на Охридскиот договор, односно Законот за употребата на јазиците, покажале анализите.

Тие што апстинираа, а кои ја поддржуваат коалицијата и кандидатот Стево Пендаровски, испратија порака на незадоволство кон власта, зашто во спротивно гласовите би и ги дале на противкандидатот Гордана Силјановска Давкова. Нашите гласачи се разочарани од одредени функционери, од одредени политики кои треба да бидат коригирани“, истакна Заев.

Тој повтори дека промените ќе се случат по изборите. Во моментов со коалициските партнери не се разговара за реконструкција на Владата, заради изборите, но по нив консултации ќе има, а ќе има и промени, беше јасен премиерот Заев.

На 5 мај треба да и дадеме шанса на државата“, порача тој.

Без коментар за ИВЗ

За случувањата во лидерството на Исламската верска заедница тој рече дека не сака да коментира, не сака да се меша, затоа што нема право на тоа оти државата е секуларна. Потврди дека вчера била побарана полициска интервенција, што било направено, но финансиска полиција не била повикана, а не била ниту присутна во седиштето на ИВЗ.

Во тој контекст Заев и не кажа кој од ИВЗ ќе присуствува на средбата со папата Франциск на 7 мај.