Апсолутно не е коректна употребата на Република Македонија и е понижување кон државата и Уставот кажа премиерот Зоран Заев денес на прес-конференција.

-Нашата држава се вика Република Cеверна Македонија, не Република C. Македонија, и тоа е понижување кон државата и Уставот на државата. Да не го почитувате Уставот на државата и името на својата земја, јас можам да разберам дека некој не се согласува со ваквиот процес, но сите се согласуваме со демократијата и демократијата вели тоа е новиот Устав кој што е изгласан со двотретинско мнозинство заради идните перспективи на децата, на младите, на нашите интеграции во ЕУ и НАТО. Односот кон Уставот на државата кажува секој поединец каков е всушност. Останува на сите поединци пред се на политички субјекти кои што се лош пример, да го променат тоа во иднина затоа што тоа е нашата реалност, тоа беше бреме едно кое што надвиснуваше 27-8 години над нашата земја, ги кочеше идните перспективи, пред се на идните генерации, рече Заев.

Заев апелира на почитување на Уставот и бара политичките партии и сите граѓани државата да ја нарекуваат Република Cеверна Македонија.