Граѓаните кои ќе одбијат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи за нив преку ротација ќе се обезбедат вакцинирани попишувачи, ветува премиерот Зоран Заев, кој уверува нема да има никакви проблеми со попсот на населението кој започнува во недела.

-Ќе се трудиме со максимална флексибилност тие граѓани што ќе одбијат невакцинирани попишувачи да бидат попишани од вакцинирани попишувачи. Кога ќе се случат вакви ситуации може да се направи рокада на попишувачите, односно кај тие граѓани да бидат испратени вакцинирани попишувачи. Голем дел од попишувачите се вакцинирани, а мал е бројот на граѓаните кои одбиваат да бидат попишани од невакцинирани попишувачи. Имајќи предвид дека пописот е 25 дена може да ги собереме сите податоци за граѓаните, вели Заев.