Претседателот на СДСМ Зоран Заев на митингот во Тетово рече дека градот претставува симбол на мултиетничноста. Според него СДСМ и коалицијата имаат кандидат за претседател на државата кој обединува.

Крајно време е да се откажеме од национализмот и популизмот. Некој од Муртино Македонец кој ќе се бори за Албанец, но и Албанец кој ќе се бори за Македонец. Затоа ние се обединивме. За разлика од Мицковски кој вчера од тука од Тетово ми се заканувал. Се заканувал и тој од христијанско братство, но како се заканувал, како христијанин или за Христијан (Мицковски). Во христијанство нема закани туку има помагање, рече Заев.

Тој потенцираше дека во изминатие две години растат бројките на директни странски инвестиции.

Веќе броиме 635 милиони евра директни инвестици, бележиме економски раст. Сега како членка на НАТО ќе почувтсвуваме што значат инвестиции, надеж и подобра иднина за сите нас, наместо иселувањето, истакна Заев.

Од коалициониот партнер ДУИ, пред присутните се обрати Арбер Адеми кој на македонски и албански јазик истакна дека како одат деновите се поголема е поддршката за Стево Пендаровски.

Цела Македонија ќе гласа, затоа сме ние обединети за оваа европска опција, рече Адеми.