Заев лета хеликоптер, Николовски путерот се одмора во Дубаи, а за Златко Божиновски, овчарот, кој загуби живот немаше ниту болничко возило. Оваа власт со сите нејзини претставници е целосно забегана и одлепена од реалноста, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

Целиот трулеж на системот исплива на површина. Власта е неспособна и неорганизирана. Луѓе умираат затоа што нема кој да ја организира државната управа.

Доколку имаше возило или хеликоптер за Златко Божиновски кој почина откако доктор го носеше 5 часа на раце низ планина, тој денеска можеше да биде жив. Неколку часа порано во болница можеби ќе го спасеа неговиот живот.

И по неговата смрт, институциите си ја префрлаат топката, а Филипче кој не успеа да спаси еден човечки живот, без срам уште ја извршува функцијата министер.