Зоран Заев во функција на лидер на СДСМ ги повикал на состанок лидерите на двете опозициска албански партиии Алијанската за Албанците и движењето БЕСА – Зијадин Села и Билал Касами.

Како што пренесува Алсат, Заев ги повикал за да им бара поддршка за Стево Пендаровски, пред вториот круг од изборите в недела.

Претседателскиот кандидат Блерим Река со помош на Алијансата за Албанците и БЕСА освои повеќе од 70.000 гласови во првиот круг од претседателските избори но отпадна од понатамошната трка, а сега Заев бара од двете партии да помогнат овие гласови да се пренасочат на контото на Пендаровски.

Покрај Села и Касами, на состанокот е поканет и Река.

Инаку Река по првиот круг од претседателски избори изјави:

Тоа се нивни гласови и ние не тргуваме со гласовите на граѓаните“.

Дека со гласовите нема да се тргува потенцираа и функционери од партиите кои го поддржаа Река, па очекувањата се дека во иста насока ќе бидат и партиските одлуки.