Премиерот Зоран Заев ги повика граѓаните на денешната прослава на Денот на независноста 8 Септември која ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје кај Школка.

Се гледаме од 11 часот во Градскиот парк, заедно да го прославиме Денот на независноста. Ве покануваме да земете учество во активностите, каде ќе имате можност: да се запознаете со вештините на Армијата и на полицијата; да дознаете повеќе за Младинска гаранција и да погледнете изложба на фотографии на децата од малите групни домови; да го проверите вашето здравје и да добиете совети како да се заштитите; да се информирате за заштитата на животната средина и да добиете еко подарок за донесени 5 потрошени батерии; да учествувате во спортски активности и да се информирате за Европската младинска картичка; да научите како се користат ПП апарати и како да се заштитите од пожари; да се информирате за користењето на апликацијата МојДДВ; да уживате во традиционална храна од сите краеви на Северна Македонија, напиша Заев на Фејсбук.