„Бојко Борисов во никој случај не ме повика за македонскиот бизнисмен Орце Камчев, кој е под истрага. Тој не би дозволил такво нешто, бидејќи тој е европски премиер и го почитува владеењето на правото“.

Ова го вели премиерот, Зоран Заев, во интервју за БГНЕС, прашан за случајот „Рекет“ и објавените инфрмации во медиумите дека Софија наводно бара да биде заштитен Камчев кој е под истрага.

„Ние сме европска земја и сакаме да зборуваме за иднината и да направиме модерна политика. Ова е политика што ја прават Макрон и Меркел, политика ориентирана кон иднината, која им дава перспективи на младите“, рече Заев.