Обвинителството вчера го пронајде вториот мобилен телефон на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, за кој таа велеше дека ѝ е изгубен. Телефонот бил пронајден кај друго лице кое рекло дека го добило на подарок. По што, со наредба на судија на претходна постапка телефонот е одземен и веднаш даден на вештачење. 

„Обвинителството со издадено барање до мобилните оператори за следење на IMEI- меѓународен идентитет на мобилна опрема на телефонот, го пронајде мобилниот телефон кај друго лицеинформираат од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Обвинителството испитува дали вториот мобилен телефон бил средство на СЈО.

Вчера во рамки на истрагата за противзаконито влијание и перење пари, Обвинителството за организиран криминал и корупција го доби извештајот од вештачењето на другиот мобилен телефон на Јанева. Тој и беше одземен истиот ден кога беа уапсени Бојан Јовановски – Боки 13 Зоран Милевски – Кичеец осомничени во случајот „Рекет“.