За време на верскиот празник „Задушница“ денеска и за време на викендот во периодот од 06 до 16 часот во реоните на гробиштата Бутел, Камник и Ѓорче Петров ќе бидат преземени посебни мерки за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, информираат од МВР.
Сообраќајот кон гробиштата Бутел ќе се одвива кружно, односно сите возила ќе се упатуваат по улицата „Александар Урдаревски” по локалниот пат за селото Мирковци до влезот за гробиштата на улицата „Боца Иванова” и потоа ќе се излегува повторно на улицата „Александар Урдаревски”.
По потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен и на гробишта Ѓорче Петров по улицата „Црногорска“, а на гробишта „Камник“ по улицата „Јужноморавски бригади“ и улицата „Роман Каскалиевиќ“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите од полициски службеници.
Comments are closed for this post.