Бројката на починати од корона се движи кон 3.500, бројката на новозразаени секој ден се зголемува, газиме во третиот бран, сите се вакцинираат, ама не и Македонија, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Неспосбноста на Филипче и Заев да набават вакцини резултира со починати граѓани, резултира со тоа Македонија да е на дното на светската листа по вакцинирани лица.

Според податоците на Блумберг, Македонија е на 118 место од 122 држави.

Македонија е на дното!

Пред нас се сите држави од регионот.

Србија високо котира на листата, а се подготвува за производство на руската вакцина.

Вакцини од КОВАКС механизмот пристигнуваат во други земји, ама не и во Македонија.

Кенија доби еден милион вакцини, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија, која не е земја членка на НАТО, ниту е блиску до почеток на преговори со ЕУ доби 21.000 вакцини од ЕУ.

Филипче и Заев велат немало вакцини во светот затоа нема и во Македонија?!

Кого лажат? Можеби ги нема посакуваните количини, ама вакцини има за сите оние кои се заинтересирани да ги набават и тоа го сториле на време.

Одговорност за ваквото однесување мора да има!, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.