Двесте и четири лица усмртил вирусот минатата недела – осумнаесет пациенти имале меѓу 40 и 49 години a пет биле на возраст од 30 до 39 години, покажува најновиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Повозрасните лица над 60 години и натаму најмногубројни меѓу жртвите. Во периодот од 16 до 22 месецов починале 155 од нив. Бројот на починати скокнал за 18,6 отсто споредбено со претходната недела.

ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19 (16-22.11.2020 год. )

вкупно: 204

30 – 39 години = 5

40 – 49 години = 18

50 – 59 години = 26

над 60 години = 155

За разлика од починатите, бројот на нови заболени е линеарен – пораснал незначително, за 1,8 отсто. Но и натаму процентот на позитивни од направени тестови е висок. Седумдневниот извештај вели дека од 19.664 тестирани, позитивен наод имале 7486 лица – или 38%.

Безмалку 3000 од новите заболени имаат помеѓу 30 и 50 години.

ЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19 ( 16-22.11.2020 год. )

вкупно: 7486

0 – 9 години = 1,6%

10 – 19 години = 3,8%

20 – 29 години = 13,1%

30 – 39 години = 19,7%

40 – 49 години = 20%

50 – 59 години = 18%

над 60 години = 24,3%

Скопје останува главно КОВИД жариште. Најголем дел од новорегистрираните случаи, 43,5 отсто, се од главниот град. Во пет скопски општини бројката е четирицифрена. Најмногу активни случаи има во Гази Баба, 1474.

АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19 ВО СКОПЈЕ:

1. Гази Баба – 1474

2. Аеродром -1407

3. Кисела Вода – 1196

4. Карпош – 1188

5. Центар – 1180

Скопје се приближува до бројот од 10000 активни случаи. Од останатите градови, најмногу заболени има во Тетово, Прилеп, Куманово и Битола.

АКТИВНИ СЛУЧАИ НА КОВИД-19:

1. Скопје – 9837

2. Тетово – 989

3. Прилеп – 965

4. Куманово – 940

5. Битола – 863