Јавното обвинителство денеска излезе со детали за автобуската несреќа кај Ласкарци во која загинаа 15 патници. Според, сознанијата што денеска ги изнесе Сашо Рајчев, до несреќата дошло бидјќи возачот возел со 99 километри на час иако на тој дел од автопатот дозволената брзина била 80 километри.

При тоа, сопирачките не биле во целост исправни. Возачот изгубил контрола над автобусот бидејќи сопирачките не биле во целост исправни. Ја пробил првата заштитна банкина, преминал на другата страна од автопатот и почнал да кочи пред да излета во ендек.

Дозволената брзина е 80 километри на час. За возила до 3,5 тони е 100 километри на час. Над 3,5 тони е 80 километри на час. Овој автобус е 15 тони, што значи дека возачот управувал со недозволена брзина. До денеска немавме осомничени, само истражувавме кој и какви пропусти направил. Го испитавме возачот, но тогаш немаше својство на осомничен-објасни обвинителот Рајчев.

За несреќата уапсени се седум лица, осомничени за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот се сопственикот на компанијата „Дурмо турс“, управителот на фирмата, возачот, три лица кои работеле во фирмата која вршела технички преглед на автобусот и едно лица кое издавало потврда дека автобусот е исправен.