Вонредната состојба во државата поради корона вирусот Владата ја искористи за да донесе указ за исплата на плати во Специјалното јавно обвинителство, кое се покажа како коруптирана институциија. Во период кога корона вирусот зема замав, кога за 24 часа има дури пет починати, а бројот на заболени расте, владата предводена од техничкиот премиер Оливер Спасовски со указ одлучила да пренасочи пари од државниот буџет за бонуси за СЈО.

И додека се бараат донации за справување со корона вирусот, а поранешниот премиер Зоран Заев предлага кратење на платите на сите вработени во јавната администрација милионски суми од државниот буџет ќе бидат дадени на сметката на институција која формално е згасната и е  веројатно најкомпромитираната институција во историјата на Македонија.

И додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев држеше предавање дека сите треба „солидарно“ да го поднесеме ударот кој на економијата ќе и го нанесе вирусот COVID-19 со што се создаа дупка од 2.2 милијарди евра во буџетот, сега дополнително се врши терет врз буџетот за исплата на и онака превисокитеплати во СЈО. Исплата на фрапантна сума во време на криза.

За лекарите и полицајците нема пари за заштита. 20% од заболените се здраствени работници, затоа што работат без основната заштита, а се тие кои се први во борбата со овој смртоносен вирус. Но на оваа Влада не и е приоритет здравјето и животот на граѓаните на Р. Македонија, приоритетите на оваа Влада се други, со итна уредба пренаменија пари за исплата на плати во СЈО! Беа и останаа ДНО! – искоментира Павлинка Честојанова, досегашна пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Освен по корупцијата, СЈО е познато и како легло на непотизам. Според обвинувањата, за кои се заинтересира и антикоупциската комисија обвинителот Гаврил Бубевски во СЈО си ги вработил братучедите Ефимија и Љупчо Чучурски. Ленче Ристоска си ја вработила братучетката Андријана Ристоска, Лиле Стефанова вработила кумашинчето, Елизабета Јосифовска – ќерката и внукот. Катица Јанева си ги вработила внукот од сестра и девојката на синот, како и членот на СДСМ, Борче Боки Трајковски, кој претходно бил една година во затвор за измама.

Според обвинувањата на платниот список на СЈО е и Петре Бошков, зет за братучетка на министерката Рената Десковска, синот на врховната судијка, Лидија Неделкова, ќерката на директорот на затворот „Шутка“, Есад Рахиќ, ќерката на поранешниот директор на МЕПСО, Сашо Василевски, синот на обвинителката Мира Ангелеска, ќерката на членот на Советот на јавни обвинители, Коле Штериов. Ова обвинителство вдомило и роднини на судии, на кандидати за пратеници од СДСМ, на директори и советници од владејачката партија.