Премиерот на Словенија Јанез Јанша, преку својот официјален твитер профил објави дека помошта во заштитни маски и медицински ракавици ја испратил во Македонија по барање на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Како што пишува Јанша, откако Мицкоски му ја објаснил сериозноста на сотојбата со корона вирусот во Македонија, веднаш одлучил да ја испрати помошта од Словенија, а истовремено побарал и од неколку други лидери на земји од ЕУ да испратат своја помош.