Алармантна е состојбата со загадениот воздух низ целата земја попладнево, особено во главниот град.

Во центарот на градот особено кај Ректоратот попладнево се измерени 985 микрограми на метар кубе.

Слична е мапата и во повеќе градови низ земјава каде со црвена боја се обоени Гостивар, Лазарополе, Струмица, Кичево и Битола.

Иако власта и градоначалникот Петре Шилегов со години наназад алудираат дека загадениот воздух се појавува само во зимо поради затоплувањето на домовите со огревни дрва, оваа ситуација среде лето е повеќе од парадоксална.