Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници, в сабота на 8 Септември, Денот на независноста, ќе сообраќаат по неделен возен ред.

Како што информираат од ЈСП, поради државниот празник ќе работат само три билетарници. Тие кај Зелен пазар и Транспортен центар ќе бидат со работно време од 7 до 19 часот, додека во периодот од 7 до 13 часот ќе работи билетарницата во Ѓорче Петров.

Од Јавното сообраќајно претпријатие на град Скопје исто така информираат дека од први септември автобусите сообраќаат по зимскиот возен ред, согласно одлуката за линиски превоз на патниците во Скопје.