Четиринаесетти пат “Бела Ноќ” во Скопје. Манифестацијата ќе се одржи во сабота. Повеќе културни настани ќе се одржат во главниот град кои ќе можат да се посетат бесплатно. Воедно од сабота во 19:00 часот до недела во 06:00 часот возењето со автобусите на ЈСП ќе биде бесплатно. Превозот ќе биде беплатен на сите линии кои сообраќаат кон центарот на градот.