Затвореници од затворот „Идризово“ штрајкуваат со глад барајќи да бидат опфатени со најавениот закон за амнестија за обвинетите од 27 април во македонското Собрание.

Директорот на затворот, Антонио Димов, за Пресинг ТВ потврди дека околу 600 затвореници одбиваат храна и оти во моментот се вршат лекарски прегледи на затворениците. Како што вели директорот, затворениците најавиле дека штрајкот ќе трае два дена.

Затворениците испратија писмо во кое информираат дека стапуваат во дводневен предупредувачки штрајк. Писмо со иста содржина упатено е и до Владата, и во него бараат аменстија – ни изјави Димов.

Директорот на „Идризово“ ни кажа дека слично писмо затворениците испратиле до Владата и пред две недели, а сега ги повторуваат нивните барања.

Во затворот има повеќе од 1.000 затвореници, но ако се земе дека некои се на одморм некои на отпуст, станува збор за околу 60 проценти од затворкста популација која е опфатена со штрајкот. Тие одбиваат да земаат храна – ни одговори Димов на прашањето да го опише штрајкот и шти тој како директор ќе превземе за да се избегне евентуален инцидент.

Димов додаде дека затворениците во писмото информираат дека доколку за два дена не добијат одговор тие штрајкот ќе го радикализираат, но немама детаљи што тое би можело да значи, односо која форма би ја добил во моментов мирниот штрајк кој се манифестира за одбивање храна.