Македонија, според нацрт-заклучоците од претстојниот Совет на ЕУ, нема да добие дата за отпочнување на преговори за членство во ЕУ. Тоа што Зоран Заев упорно повторува и преку јавниот сервис се заканува дека Брисел сега требало да му испорача, е само уште една манипулација на Заев, вели портпарлот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Зоран Заев знае дека тој не испорача тоа што од него бараа и Брисел и граѓаните. Не испорача работа, не испорача реформи. Зоран Заев прокоцка цела година на лаги, мактетинг, непотизам, корупција, криминал и на задолжување на државата. Во заклучоците од минатата година, Советот буквално во неколку наврати ја нагласува, критичната потреба Македонија да направи конкретен напредок во однос на Итните реформски приоритети и да има видливи резултати во борбата против корупцијата“, потенцираше Стоилковски.
Тој додава дека ниту има судски реформи, ниту има случаи против криминал и корупцијата, ниту против висока корупција, ниту има реформа на јавната администрација.
„Зоран Заев до мај годинава беше прв човек на телото за судски реформи, ништо не сработи, имаше само 6 средби, а од него со големи критики заминаа звучни имиња. Дури и Рајнхард Прибе-творецот на Итните реформски приоритети- молчи прашан за тоа дали гледа реформи во Македонија и Заев за тоа чека покана. Две години Заев и кланот владеат на централно и локално ниво, а за секојдневните скандали за корупција, криминал, непотизам, нема ниту една обвинителска истрага. Нема никакви истраги дури ни за Заев за корупција во изборни цели- тешко кривично дело“, рече Стоилковски.
Comments are closed for this post.