Македонија со власта на Заев меѓу другото тоне и економски, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Освен што за една година се затворија над 6200 компании и скоро 60 илјади лица се нови невработени, поради нивната неспособност, криминали и неодговорно трошење на народните пари, енормно се зголеми јавниот долг. .

Така јавниот долг достигна 7,1 милијарди евра, а кога дојдоа на власт пред нецели 4 години изнесуваше само 4,7 милијарди евра.

За не цели 4 години власта на Заев создаде дополнителен долг од 2,4 милијарди евра. Тоа не може да се правда со било какова економска криза, затоа што во време на две кризи, светската економска и европската должничка криза кои се случија во време на претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, кои траеа по неколку години, долгот за 11 години се зголеми за само 2,8 милијарди евра, а сега за неполни 4 години 2,4 милијарди евра.

Да повториме во 11 години долгот пораснал 2,8 милијарди, а за само 4 години власт на Заев за 2,4 милијарди. Доколку продолжат со вакво темпо, грчкото сценарио ќе изгледа оптимистичко.

Патем во Македонија има рекордно низок процент на реализација на капитални инвестиции и никој не знае каде завршија овие пари. Ништо не се гради, а долгот на Македонија расте.

Криминалната и најкорумпирана власт во Европа предводена од Заев не изгради ниту нови патишта, ниту нови болници, ниту нови училишта и детски градинки, ама затоа се задолжи тешки милијарди, кои идните генерации ќе треба да ги враќаат.

Толку од нивната “блескава“ економска политика, се вели во соопштението на партијата.