ВМРО-ДПМНЕ: Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие, со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град

05.03.2021 / 12:11


Наместо Брисел, Спасовски и Заев го донесоа Бејрут во Скопје, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ по убиството што ноќеска се случи во скопската населба Топанско Поле. Велат, со Заев и Спасовски Скопје стана небезбеден град.

Убиства со калашников на сред улица станаа секојдневие. Двократното убиство од утринава само го потврдува тоа. Двајца луѓе се буквално изрешетани со калашников, а полицијата не само што ги нема фатено, туку и не знае за убијците. Убиството од утрово е по ист рецепт како убиството на „Рузвелтова“, кога исто така беа убиени двајца луѓе од друго возило во движење. И тој случај, како и овој од утрово е нерасчистен. Спасовски не ги знае убијците и тие се на слобода, и можат да го повторат делото, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаваат дека во последните 4 години додека е Спасовски министер, ова е едно од десетина убиства, за кои не се знае ништо, а убијците се на слобода.

Спасовски да каже како може некој да поседува калашников, а полицијата затоа да не знае. Дали граѓаните се безбедни и како тој тоа го гарантира, кога секој криминалец почна во кола да носи калашников?

Спасовски и политичкиот дел од полицијата станаа главни заштитници на криминалот. Нема друг одговор освен сојуз помеѓу мафијата и Спасовски.

Спасовски свесно ги дозволува мафијашките дивеења. Додека мафијата дивее, народот е уплашен.

Спасовски и сите заштитници на криминалот треба да знаат дека следува одговорност и дека за ваквото не делување и непостапување ќе одговараат, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Да се потсетиме: СДСМ ги избриша и одлуките на АСНОМ со кои е конституирана модерната македонска држава

пред 14 часа
Македонија

ЗНАМ: Филипче да каже дали има фирма во Бугарија

пред 15 часа
Македонија

Стефановски: Безбедноста во иднина ќе биде примарна цел на меѓународната сцена

пред 17 часа
Македонија

Бујар Османи и Никола Димитров се фатија чии Протокол со Бугарија е подобар, иако и двата се лоши

пред 2 дена
Македонија

Интензивно се работи делот од Кичево до Охрид, ќе биде готов во планираниот рок до првиот квартал в година, вели Мицкоски

пред 2 дена
Македонија

Toшковски: Секој кој ги рекетира македонските граѓани ќе се соочи со кривичен прогон

пред 2 дена
Македонија

Венко и Радев си праќаат ишарети

пред 3 дена
Македонија

Меџити: Потребна е длабока реформа во судството, инаку уште ќе треба да им се извиниме

пред 4 дена
Македонија

Кристофер Хил: Европа го сака Балканот, не ги сака балканските проблеми

пред 4 дена
Македонија

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е промакедонска партија, тоа што СДСМ одамна го изгуби својот идентитет е нивен проблем со кој брзо ќе се соочат на избори

пред 4 дена
Jojobet GirişMadridbetMadridbetmeritbetmeritbetzirvebetPradabet güncel girişjojobetHoliganbetJojobet Girişjojobetjojobetcasibomcasibom