ВМРО-ДПМНЕ најавува прес-конференција в понеделник на која ќе открие нова милионска афера на влста. Според партијата, станува збор за тајни имоти на функционери на СДСМ.

Си ја вршат ли институциите работата или служат за прикривање на незаконитостите и криминалите на функционерите на СДС?
Дали наместо во служба на народот, група луѓе од СДС и ДУИ си работи за себе?
Колку се почитуваат законите? И колку се применуваат?
Во понеделник на прес конференција во 12 часот ќе откриеме голема афера во милионски износ. Низ факти до одговор на прашањето зошто Македонија тоне, затоа што наместо работа се прави криминал, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.