Секој четврти тестиран во Македонија е заразен со КОВИД. Политиките на власта крахираа. Комисијата за заштита од заразни болести целосно потфрли, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата велат дека за нецела недела имаме 2.000 заболени, онолку колку што Комисијата прогнозираше дека ќе имаме во текот на целата пандемија.
Пандемијата се уште не е завршена, а бројот на заразени е десеткратно повеќе од прогнозите на Комисијата за заштита од заразни болести и власта. И власта не прави ништо за да спречи уште поголема катастрофа. На праг сме на сезоната на грип, а уште немаме вакцини. Највозрасните и хронично болните се оставени буквално на себе. СДСМ не се потруди ниту да се подготви за есенскиот голем бран на КОВИД. Цело лето преспаа, и не оспособија ниту еден болнички капацитет повеќе, иако знаеја дека ситуацијата ќе биде лоша, резултатот сега го гледаме, преполни болници уште на почеток на есента. Хаосот кој се случува предизвикан од КОВИД е директна вина на Комисијата за заштита од заразни болести и власта кои немаат план како да се справат со заразата. Со СДСМ Македонија и граѓаните само тонат во хаосот на пандемијата, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Comments are closed for this post.