СДСМ се во страв и паника затоа што знаат дека ги губат изборите и ја немаат довербата од народот. Токму затоа се впуштија во сценарио за ширење на страв и закани, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во последните неколку дена јавноста е сведок како членови и активисти на СДСМ  јавно се закануваат и шират говор на омраза, а сето тоа поминува без осуда од власта и без реакција на МВР и Јавното Обвинителство. Еден од мегафоните на власта, новинарот Бранко Тричковски јавно повика на насилство и убиство кон пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошовски, само затоа што ја прецртал Северна од името како претставник на Советот на Европа,  а надлежните молчат. Иако СДСМ ветуваа дека ќе се санкционира говор на омраза, за институциите јавен повик на убиство не е доволен за да реагираат, велат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ потсетуваат дека впрочем ова не е прв пат Тричковски да шири говор на омраза, а МВР и Јавното Обвинителство да не реагираат.

Претходно тој повикуваше на убиство на поранешниот премиер и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, но ниту тогаш не надлежните не презедоа ништо против него и немаше покренато обвинение против него. За нервозата и паниката во власта сведочи неодамнешната случка во скопски Аеродром, кога партиски активист на СДСМ, вербално и физички нападна член на Унијата на Млади Сили на ВМРО-ДПМНЕ, кој го снимаше како нервозно ги кине плакатите на професорката Силјановска Давкова.  Од активисти на СДСМ, беше сторено и тешко кривично дело попречување на изборната кампања, откако нападнаа и им го одзедоа рекламниот материјал за изборите на младите активисти на ВМРО-ДПМНЕ. За ниту еден од овие случаи СДСМ не се оградува, не ги осудува, а надлежните не реагираат.  Очигледно е дека стравот од губење на изборите е голем и  СДСМ веќе не бира ни средства како да ги заплаши граѓаните. МВР и ЈО  мора да се одважат и да излезат од спрегите на власта за да ги истражат  овие случаи и да ги казнат виновниците.  Ширењето на страв, заканите, нападите и говорот на омраза не смее да останат неказнети. Неспособниот СДСМ единствениот начин да остане на власт го гледа преку закани и уцени. Граѓаните на Република  Македонија не заслужуваат да живеат во паника и страв. Тие заслужуваат подобро. Токму затоа на претседателските избори неопходна е победа на професорката Гордана Силјановска Давкова за веднаш потоа да следат предвремени парламентарни избори и СДСМ конечно да замине, за да може да дојде подобро утре за Република Македонија и граѓаните, се наведува во партиското соопштение.