Одговорни за хаосот во Скопје се партнерите од коалицијата Тачела. Всушност оваа коалиција стои зад кадрите на СДС дополнети со ликови од ДУИ, ГРОМ и Левица кои ги водат јавните претпријатија кон пропаст, а со тоа и Градот кон колапс. Оваа коалиција не ја врзуваат ниту програма, ниту принципи, туку ја врзуваат бизнис интересите, тендерите и дебелите директорки плати. Ниту интересите на градот Скопје, ниту интересите на граѓаните не им се битни, само пусти пари и провизии, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Впрочем, ако СДС навистина сметаат дека Данела Арсовска лошо го менаџира Градот Скопје зошто не побараат оставка од неа? Зошто ГРОМ, Левица и ДУИ молчат и полнат директорски џебови дури градот е во хаос? Ги повикуваме СДС ако имаат храброст и принципи да побараат оставка од Арсовска? Во спротивно молкот е потврда дека Тачела коалицијата е голема колку и меракот за матни тендери, пари и провизии на нејзините сегменти, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.