Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска во интервјуто за Топ Тема наведе дека лично смета како обвинителот Јовевски не заслужил унапредување во Уставниот суд.

-Тоа е мое лично мислење, но не сметам дека треба да биде уставен судија. Затоа што, она што требаше да го направи како Републички јавен обвинител, не го постигна на таа позиција и не гледам причина зошто понатаму би имал можност да продолжи со кариерата како уставен судија, рече Славица Грковска, потпретседателка на владата задолжена за политики на добро владеење, во интервју за ТОП Тема на Телма.