Бројката на починати надмина 3.500 лица. Само во текот на минатото деноноќие имаше 30 починати лица од корона, а 30 проценти од тестираните беа позитивни. Вонредна состојба, полициски час не го постигнуваат ефектот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Постоечките протоколи не се почитуваат. Потребни се соодветни протоколи и мерки за се спречи оваа голгота која ја поминуваат граѓаните. Владата ниту знае кои се соодветни мерки уште помалку ги спроведува и оние постоечките. Здравствените установи се полни, Филипче и Заев не знаат што прават, заинтересирани се за само личните и партиските интереси. Снемува болнички кревети, медикаменти, вакцини нема ни на повидок. Цената која ја плаќаат граѓаните е огромна. Филипче ќе одговара за ваквото однесување, порачуваат од партијата.