ВМРО-ДПМНЕ го обвини СДСМ за партизација на администрацијата. Опозицијата тврди дека социјалдемократите спровеле проект за вработувања по роднински линии.
Од овој центар на Мрежата од црните тефтери мора да одговорат како само во еден ден од општинската организација на СДСМ во Кисела Вода биле вработени 8 лица во општината, 6 мина во управни одбори во училиштата, хигиеничарки, воспитувачки и каде ли уште не низ општинската и администрацијата на јавните претпријатија? Од овој центар мора да одговорат кои се критериумите за проектот Мрежа и вработувањата на над 30 мина во ЈП Македонски Шуми низ скоро сите општински клонови, каде непотизмот и партиската припадност се непобитен факт? Од овој центар мора да одговорат дали 24-те нови вработени во М-НАВ, како ја нарековме македонска неофицијална агенција за вработување, со плати неколку пати повисоки од просечната, се дел од мрежа, имајќи предвид дека речиси ниеден нема образование потребно за вработување во Агенцијата, но има партиска или роднинска врска, па членовите на комисиите биле ставани под тежок притисок да ги примат токму избраните лица? Од овој центар на црниот проект Мрежа мора да кажат дали биле опфатени и вработувањата на мајката на Костадин Костадинов во администрацијата во Струмица, или сестрата и пријателката на Кирацовски во администрацијата во Битола, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Тој додаде дека партизацијата на администрацијата дополнително го оптоварува буџетот а ги обременува услугите. Реалност е дека со тоа Република Македонија се одалечува од препораката за Европската Унија.
Comments are closed for this post.