На 01.12.2018 година во 22.00 часот било пријавено дека во маркет на улица „Дижонска“ во Скопје две лица извршиле разбојништво и со закана со пиштол од вработениот одзеле околу 30.000 денари од дневниот промет, информира МВР.

Притоа, како што се вели во полициското соопштение, едно од лицата испукало куршум, но повредени лица нема. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за целосно расчистување на случајот.