Фрапирачка снимка се шири на социјалните мрежи каде се гледа дека луѓе на новиот директор на Водовод поставен од Арсовска физички малтретираат вработени во претпријатието.Коалицијата СДСМ Арсовска, и директорот Маријан Митовски во организирана шема за демонстрирање на насилие, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.

Истата СДСМ која плаќа стотина илјади евра во билборди и ТВ спотови да ја брани Арсовска сега треба да понесе одговорност заедно со Арсовска како малтретираат луѓе.

-Од што се плаши Арсовска и СДС, па физички угнетуваат и напаѓаат вработени. Во каков мед сега се фатени. Дали се исплашени од тоа што обвинителството побара исказ од Арсовска?Ова ли е новото модерно Скопје на СДС и Арсовска.

Веднаш поради овој инцидент треба да си поднесе оставка директорот Маријан Митовски, а Арсовска да одговори зошто се малтретираат луѓе.