И Стево Пендаровски стана дел од пазарџиско-политичката операција наречена попис по стандарди на Зоран Заев. Наместо реална статистичка слика, очигледно власта е решена да спроведе попис без јасна методологија и без општествен консензус, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата целта е јасна. Велат, Заев прави политички дил за кој веќе почнаа да се шпекулираат бројот на население, проценти и резултати, на кој само треба да се стават врзаните потписи на директорот и заменикот директорот на Заводот за статистика.

Тоа е класична политичка операција. Дека ова е политика, а не статистика говори и фактот што целата операција се прави во време на епидемија, кога голем број земји од регионот и Европа ги одлагаат своите пописи за да ги заштитат пред се своите граѓани, но и да добијат прецизна слика. Власта во Македонија напротив, брза, со цел да го скрие својот политички договор. Од ваквиот насилен попис во кој беа одбиени сите конструктивни предлози на опозицијата, штета ќе имаат сите граѓани, а најмногу Македонија. ВМРО-ДПМНЕ јасно стои зад потребата во Македонија да биде спроведен попис, но како статистичка а не политичка операција. Затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне собирање на граѓански потписи со цел поништување на Законот, се наведува во партиското соопштение.