Изминативе две години гледавме како полициски функционери на СДСМ уценуваа со ПИ мерки и минуваа неказнети, гледавме како полициски службеници убиваа и палеа луѓе, како пукаа во малолетни лица, а во Шуто Оризари се пресметуваа и меѓу себе.

Последниот инцидент покажа до каде забегаа злоупотребувајќи ја власта и моќта, рече на денешната прес-конференција, Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Според информациите кои ги објавија медиумите син на виш полициски советник на Оливер Спасовски во угостителски објект во скопско Марино избоде полициски службеник, кој бил однесен на комплексот клиники како што стои во написите и во моментот кога бил однесен бил во животно загрозувачка состојба. Полицискиот службеник се уште е во животна опасност, а за да го спасат докторите мораа да му извадат еден бубрег и слезина.Луѓе блиски до власт осилени од моменталната моќ која ја имаат дивеат насекаде низ државата.

Ова е вистински одраз на хаосот што владее во Македонија. Веќе никој не е безбеден од овие бандити на власт“, рече Ѓорѓиевски.

Тој додаде дека убијци и криминалци се шетаат на слобода, додека патриоти и невини граѓани лежат во затвор. Притоа рече дека убиецот на младиот Мартин Јанушев не е затворен и две години по бруталната егзекуција.

„Не се во затвор ниту убијците кои на Рузвелтова, среде Скопје стрелаа со калашникови и одзедоа два човечки живота.Со Заев, Спасовски и Пендаровски загрозени се животите на сите граѓани. Сигурни се единствено криминалците. Со Заев Спасовски и Пендаровски Македонија оди назад, а Скопје наликува на Белград од 90-тите години.

Ова безредие мора да запре. Граѓаните заслужуваат и имаат право да бидат безбедни. Власта која е неспособна треба час поскоро да си замине“, порача Ѓорѓиевски.