Во затворот Идризово во Скопје дошло до крвав инцидент меѓу двајца браќа близнаци, информираат од МВР.

Триесет и четиригодишниот Ф. А. го прободел својот брат близнак, О. А. додека биле во амбулантата во Идризово. Во еден момент Ф.А извадил нож и му нанел неколку убодни рани на брата си. Го прободел во пределот на стомакот и десната надлактица.

О.А. со возило од затворот е пренесен во клиниката „Мајка Тереза“ каде што му е укажана лекарска помош.