ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нов закон за СЈО кој е во склад со европското право и препораките на Европскиот суд на правдата.Правосудните институции не смеат да се користат за политичка пресметка.Одговорност за секоја злоупотреба ќе има, порачаа утрово преку сопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

„СДСМ паѓа. Власта е уплашена и затоа прибегнува кон притисоци, закани и шиканирања. Заев е на пат да ја загрози и европската иднина на државата. Оваа влада нема капацитет да спроведе реформи, затоа и не се почнати преговори со ЕУ. Зоран Заев се што вети излажа. Вети метла, а по метлата се остана исто, само Тевдовски го нема. Граѓаните не видоа ништо позитивно со оваа власт. Земјоделците го фрлаат својот род, образованието е деградирано, здравството е уништено.Правниот систем е уништен“, се наведува во соопштението.

Од таму одаваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја врати правната држава и владеењето на правото. По победата на изборите од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе отпочне ослободувањето на Македонија од овој вистински режим, с енаведува во партиското соопштение.