Поранешниот економски директор на клиниката за гинекологија во скопскиот клинички центар, Валон Беља тврди дека генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски бил инволвиран во тендери на неговата клиника, објави Експрес.мк.

Обвинувајќи го за корупција, Беља го навредува Рашковски користејќи го зборот „дебил“ во својот коментар на албански јазик.

На прашањето како можел да биде инволвиран во тендери во здравство кога Рашковски е генерален секретар на владата, Беља ја објаснува шемата.

-Тие имаат директор таму. Компаниите кои што се избрани со поставување на посебни спецификации (каде други компании не можат да конкурираат) му даваат процент на него и на други како него за да излезе дека директорот нема врска со овие компании. Само во Македонија тој што ќе го објави криминалот е сменет, а во развиените земји објавувачот на криминалот ќе добие државна заштита, вели Беља.

Тој минатиот месец кој откако беше сменет од позицијата во Гинекологија од страна на министерот Филипче поднесе повеќе кривични пријави до директорката за која медиумите пишуваа дека е блиска на сопругата на премиерот Заев.