ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе одбележи 29 години од формирањето на партијата. Централната прослава е вечер во 19 часот, во Македонска Филхармонија, најавија од партијата.

На настанот обраќање ќе има претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Партијата е идеолошки наследник на првобитната ВМРО-Внатрешната Македонско Револуционерна Организација, создадена во 1893 година.

По формирањето, ВМРО-ДПМНЕ беше првата партија која официјално се изјасни за самостојна македонска држава.

ВМРО ДПМНЕ во историјата на независна Македонија била во власта два пати – еднаш од 1998 до 2011 кога кабинет формираше Љубчо Георгиевски и во 2006 тата под водство на Никола Груевски.

ВМРО-ДПМНЕ е една од двете најголемите политички партии во Македонија