ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За обнова на Македонија на денешната координативна средба донесоа одлука за почеток на блокада на Законодавниот дом. Информацијата со јавноста ја сподели секретарот на партијата, Никола Мицевски.
-Едногласно беше прифатена одлуката којашто претходно ја донесе Извршниот комитет на партијата, од утре да се пристапи во Собранието со активна блокада на сите штетни закони, политики застапувани од неодговорната власт, рече Мицевски.
Како што додаде тој, одлуката следува по одбивањето на власта за лидерска средба на која би се разговарало за клучните прашања во државата: економија, здравство, образование и меѓународна политика, како и за одредување на датум за предвремени парламентарни избори.
Comments are closed for this post.