Срамно, долно и ниско е тоа што Филипче наместо да спасува животи си објавува пародии и видеа со папагали.

Тоа значи дека на Филипче ми е до забава а не до работа поради тоа што сме најлоши во Европа.

Филипче станува министер за геноцид на Македонија, зошто над 1.000 мртви немало по втората светска војна во нашата земја.

Во денот кога 42.6% од тестираните се заразени и кога има над 20 мртви гледаме колку сериозно министерот ја сваќа работата. Ова веќе не е ни за смеење, за плачење е. Оставката е задолжителен чин кога министерот сее геноцид

Министерот Филипче е тој што се однесува како да е од друга планета. Според него власта добро се справува со корона епидемијата, а Македонија надмина 1000 починати, стапката на заразени од тестирани стигна до 42%, бројот на активни случаи е околу 10.000 лица, државата е црн рекордер како во регионот, така и во Европа.

Ова очигледно не е доволно Филипче да чувствува одговорност. Напротив тој вина бара кај опозицијата и граѓаните. Како тргнале тој и СДСМ ќе кажат дека Оливер Спасовски и Драги Рашковски се заразиле од корона вирусот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ?!

Ова покажува дека власта живее во паралелен универзум. Тие се глуви на советите и мерките предложени од ВМРО-ДПМНЕ, но и од експертската јавност. Се прават слепи на хаосот во здравството кој настана поради нивното лошо менаџирање. Граѓаните чекаат со денови за корона тест, многу лица со акутни, хронични и тешки болести не добиваат нега и заштита, а болниците за основните потреби бараат донации.

Очигледно Македонија освен со корона епидемија се соочува со сериозна епидемија на неспособност и неоснована арогантност каква што манифестираат Филипче и целокупната влада на Заев. Граѓани секој ден се повеќе заболуваат и умираат од епидемијата, а Филипче, Заев и владата велат дека успешно се справуваат.

Навистина срамно.

Оставката на Филипче веќе не е прашање на потреба, туку прашање на време.