Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, во изјава за медиумите како директен виновник за недобивањето датум за отпочнување преговори со Европската унија го посочи премиерот Зоран Заев.
Тој рече дека премиерот Заев својата неспособност се обидува да ја покрие со префрлање на вината кај меѓународните партнери на Република Македонија со што ризикува влошување на односите со партнерите.
Не може нашите пријатели од ЕУ да се виновни за криминалот и корупцијата на најнеспособната влада до сега на Република Македонија. Аболицираниот Зоран Заев е најодговорен затоа што Република Македонија има неуспешна економија, тоне во корупција и заостанува во сите реформи. Зоран Заев е најодговорниот затоа што имаме селективна правда и политички нарачани процеси“, изјави Стоилковски.
Од ВМРО-ДПМНЕ сметат дека Македонија и граѓаните не смеат да бидат казнети заради неспособноста на Зоран Заев со недоделување на датум за преговори, бидејќи како што рече Стоилковски, Република Македонија доби 10 позитивни препораки и заслужува да ги почне преговорите за членство во ЕУ.
ОД партијата побараа премиерот Заев да си поднесе неотповиклива оставка, а на негово место да дојде техничка влада која ќе ги организира предвремените парламентарни избори.
Comments are closed for this post.