Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека власта не може ниту презема нешто за да се спречи ширењето на епидемијата на Ковид-19.

Како што велат од партијата, во само една неделе има преку 2.000 заразени, бројка за која министерот за здравство тврдеше дека ќе има зарзени во текот на целата епидемија. Оттаму додаваат дека во земјава нема ниту стратегија ниту се направени какви било подготовки за доаѓањето на зимскиот период, а со тоа и сезоната на сезонски грип.

Македонија тоне во Ковид панедмијата, а Филипче мува не го лази. Нема одговорност иако за една недела имаме над 2000 заболени, повеќе отколку што истиот прогнозираше дека ќе имаме за време на целата пандемија.

 

Филипче нема кредибилитет. Го помина цело лето без да направи подготовки, не е инвестирано во нови болнички капацитети, во услови за медицинскиот кадар, ниту пак во опрема.

 

Се уште нема вакцини за сезонски грип. Илјадници возрасни лица и лица со хронични болести се соочуваат со ризик. И за тоа е виновен Филипче. Не беа направени соодветни протоколи за училиштата. Затоа имаме заболени ученици и наставници. Не се заштитени ниту медицинските лица. Власта го фрли во хаос целиот систем.

 

Филипче нема стратегија. Со неговите погрешни политики кои беа протежирани и од Комисијата за заштита од заразни болести, како партиска испостава придонесоа во Македонија да нема прекин на пандемијата во летниот период, туку да имаме пандемија во континуитет од март досега. И секој ден е нов пик. За ова одговорност мора да има. Филипче покажи доблест. Поднеси си оставка – велат од ВМРО-ДПМНЕ.