Вчерва во 3 часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Со поместување на стрелките на часовникот за еден час наназад, времето во 03 часот ќе се смета како 02 часот.

Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2020 година е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија„ број 79” од 26.03.2020 година.

Европскиот парламент лани ја поддржа предлог- директивата со која од 2021 година на ниво на ЕУ треба да се укине поместување на времето, а на земјите членки е оставено да одлучат дали ќе се определат за летно или за зимско сметање на времето.