ВМРО-ДПМНЕ анализира дали треба да се распише референдум на кој граѓаните би кажале свое мислење на прашањето дали го прифаќаат билатералниот протокол со Бугарија, кој е веќе потпишан. Ова е вториот план кој е можно да се активира доколку опозицијата собере 150.000 потписи за распишување, а таква одлука донесе и Собранието. Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ, кажа дека анализата трае.
-Ова се сериозни работи. Сакаме кога ќе излеземе пред граѓаните, сакаме тоа да се темели на факти. Во периодот кој ќе следи, ќе консултираме експерти од уставното право, за јасно да дефинираме прашање со кое ќе излеземе, кажа Мицкоски.
Тој беше прашан и зошто пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не останале во салата да гласаат „против“ заклучоците за францускиот предлог.
-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е јасен дека ние сме против. Но огромна лага е тоа што сакаат да ја протнат се гласало за модифициран предлог. Во парламентот се гласаше за документ со помало правно значење од тој документ. Тие кои гласаа, не знаеја за што гласаат, бидејќи протоколот не беше составен документ и го немаа видено. Предлог заклучоците немаа никаква врска со ова што го потпиша Бујар Османи. ВМРО-ДПМНЕ не сакаат да легитимираат политичко дивеење и насилство. Ние бевме за време на расправата, дебатиравме, го кажавме нашиот став дека сме против, но за жал, има 68 кои одлучија да глумат некакви заклучоци, вели Мицкоски
Comments are closed for this post.