Вицепремиерот Димитров и шефот на Дипоматијата Бујар Османи повторно не се појавија на Комисијата за надворешни работи. Наместо во живо, Димитров беше присутен виртуелно преку лик од стиропор. Димитров беше “седнат” веднаш до претседателот на комисијата Антонио Милошоски.

-Димитров е тука виртуелно и ова покажува како тој го третира Собранието. За него Собранието се само товар за неговата работа, рече Милошоски.

На Комисијата требаше да се изгради национален став наспроти Меморандумот на Бугарија.

Утринава, пред почетокот на седницата на Комисијата, Милошоски објави дека на пратениците ќе им предложи два заклучока во комнтекст на најавеното вето од Бугарија за одржување на меѓувладината конференција за почетокотот на преговорите на Македонија за членство во ЕУ:

1.Собранието ги осудува позициите содржани во Објаснувачкиот меморандум на Република Бугарија испратен до земјите членки на ЕУ во контекст на проширувањето и македонските евроинтеграции, како спротивни на Повелбата на Обединетите нации од 1945-та година, во која една од целите е развивање на “пријателски односи меѓу нациите засновани врз принцип на почитување на еднакви права и самоопределба на народите”, право кое неделливо му припаѓа и на македонскиот народ .

2.Собранието упатува апел до сите земји членки на ЕУ, до Европската Комисија и до Европскиот парламент да донесат безусловна одлука за почеток на преговорите со одржување на првата меѓувладина македонско-европска конференција.

Пратеничката Иванка Додевска нагласи дека е срамно што Никола Димитров не се појави на седницата и оти тоа е навреда како кон Собранието, така и кон македонскиот народ.

-Ова покажува дека за нив ова за нив е затворена точка и не е на дневен ред . За владата е тема тендерот што треба да го добие братот на премиерот за производство на марихуана, а не македонските интереси – рече Додoвска.

Таа ги повика и поранешните претседатели да го кренат гласот.

-Каде сте Иванов и Црвенковски, зошто молчите. Зошто ве плаќа македонскиот народ – праша пратеничката.