Отворен сум да разговарам со опозицијата за кое било прашање, особено за сензитивните прашања и оние што се од државен интерес, но не сум спремен да бидам дел од дневно-политичка драма и хистерија за вакви сензитивни теми, како што е надминување на разликите меѓу Скопје и Софија, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи.

На денешната прес-конференција, одговарајќи на прашањето околу неговото и присуството на вицепремиерот Никола Димитров на собраниската Комисија за надворешна политика, Османи кажа дека е спремен со опозицијата да се сретне во МНР или во нивното седиште, но, како што рече, ниту со нашата, ниту со бугарската опозиција нема намера да влегува во јавен политички дискурс.

-Барам разбирање од граѓаните, ова не е избегнување на транспарентност и комуникација, но сметам дека во оваа оптоварена атмосфера на емоции таквата расправа нема да донесе ништо конструктивно во овој период. Но спремен сум во кое било време и каде било да разговарам со опозицијата, додаде Османи