Власта е директно одговорна за монструозниот систем за крадење на терапија од болните кој постоел на клиниката за онкологија. Ковачевски и владата нека не замајуваат со некаков “мултиетнички и мултикултурен“ криминал, туку нека дадат одговори. Зошто откако се воведени скапите терапии кои чинат од 2 до 4 илјади евра се појавува недостигот и кражбата на цитостатици и терапии за болните од канцер?, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Зошто кадарот на СДС Нино Васев како директор на клиниката за онкологија го укинал КАТО системот за следење на терапијата и го вратил стариот систем кој е нетранспарентен и овозможува злоупотреби?

Каква била улогата на економскиот директор Нехат Нухи, кадар на ДУИ во набавката цитостатици и креирањето на листата на пациенти и зошто тој не е заменет изминатиот период иако клиниката тонела во долгови?Кој дозволил медицинска сестра два пати да биде фатена во кражба на лекови од клиниката и истата да биде вратена на работа? Дали МВР и Обвинителство го забошотиле ова дело и го прквалификувале во побенигни дела за да се спаси од одговорност?
Зошто Венко Филипче, но и неговите наследници Беким Сали и Меџити замижувале пред евидентните злоупотреби и прекршувања на клиниката за Онкологија за кои две години предупредуваат ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните, медиумите, но и заводот за ревизија? Дали тоа значи дека овие први луѓе во здравството и нивните заменици свесно дозволувале криминал на грбот на пациентите болни од канцер?

Зошто најмалку 6 месеци Оливер Спасовски и ОЈО не реагирале на очигледните прекршувања на Онкологија и со тоа дозволувале крадење и трговија на црниот пазар со цитостатици кои требало бесплатно да ги примаат пациентите?  Зошто толку долго им требало да покренат само предистрага? Од каде му се информациите на Ковачевски од предистрагата дека вмешаните во овој скандал биле од “мултикултурен“ карактер? Дали  тој лично влијае врз истрагата и ја контаминира поради некои причини? Зарем граѓаните треба да веруваат дека истото обвинителство и истата власт кои ги забошотија истрагите за Беса транс, Дурмо турс и модуларната болница и кои прогласија продолжен кабел за виновник ќе спроведат од позиција на власт истрага и за овој скандал?Оставки и одговорност веднаш. И кривична и политичка