Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Струга, Јован Јаулески, утрово информира дека Финансиска полиција упаднала во неговиот дом за да врши претрес.

За истиот притисок информира и портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

Паника кај Диктаторот!
Финансова полиција упаѓа кај пратеници!
Од 5.30 утрово (!) го тресат домот на Јован Јаулески .
Ова се последните злоупотреби на хибридите коишто ја девастираа државата.
(Погледнете видеото во коментар за тоа каков лик е Арарат Муареми директорот на Финансова)

И претставници на другите партии од новото парламетнарно мнизинство сведочат за невидени притисоци врз пратениците кои денеска треба да гласаат за недоверба на Владата.

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи, Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и Адријанит Хоџа од Беса потврдуваат дека власта на СДСМ и ДУИ врши невиден притисок врз пратениците.