Заедничкото македонско-бугарско чествување на светите браќа Кирил и Методиј во Рим се претвара во гротеска. Ова не само затоа што чинот де се одржува де не се одржува туку пред се заради содржината на образложението и значењето на светите браќа за двете земји и двата народа.

Во првиот протокол на меѓувладината комисија одржан на 10 јуни 2019 година, во делот за политичкиот дел за спроведување на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка, што беше потпишан на 1 август 2017 од тогашните премиери Зоран Заев и Бојко Борисов, е наведена и заедничкото чествување на претседателите на двата паралементи Талат Џафери и Цвета Карајанчева. 

Делува фрапантно како содржината на ова заедничко чествување го поминал филтерот и на владината комисија и на историската комисија па и на Парламентот кој го прифати францускиот предлог.

Во протоколот буквално стои: 23-25 мај 2019 година средба на претседателот на Народното собрание на Бугарија Цвета Карајанчева со претседателот на Собранието на Македонија Талат Џафери во Ваткикан по повод 24 мај Ден на бугарското образование, култура и словенското писмо.

Оваа информација стои на следниот линк на сајтот на Минитерството за надворешни работи.

Домашната јавност досега не беше запознаена со овој детал кој, очигледно одиграл и решавачка улога во ставот на македонскиот дел од комисијата за историја и за учебниците.

Друг многу важен момент е несовпаѓањето на датумите околу постигнатата согласност на комисијата за заедничко чествување на Кирил и Методиј, на светите Климент и Наум и на Цар Самоил. Наспроти тврдењата на власта дека за овие пет личности е постигната согласност уште пред три години,сепак фактите говорат нешт друго.

Иста игра и за Цар Самоил

А најголем доказ за тоа се текстовите на Наум Кајчев од една и Огнен Вангелов и Љупчо Ристески од друга страна. Првиот е дел од бугарската а другите двајца од македонската комисија.

Ако била согласност уште пред три години за Цар Самоил тогаш на што се должи нивната меѓусебна дебата од јуни и јули 2021 година.

Прво се јави Кајчев со текст насловен како „За обединувањето околу нашата заедничка историја-Цар Самоил erga omnes“. На ова реплицираа Вангелов и Ристевски , исто така со текст насловен како „Обединување околу „историските вистини“ или околу различности“? за веднаш потоа да се јави повторно Кајчев со текст со идентичен наслов како првиот.

Од самите наслови произлегуваат и недоразбирањата што ги имале членовите на двете комисии и се потврда дека решението за Цар Самоил не било донесено во 2019 година. Инаку зошто би се водела полемика две години подоцна!?

Конечното решение пак говори дека нашите од комисијата целосно се согласиле со бугарскиот наратив за сите пет историски личности.