Продолжениот празничен викенд утрово ја обнови сообраќајната гужва на македонско-грчката граница како од деновите на шпицот од туристичката сезона.

Колони возила и на граничнот премин кај Гевгелија и кај Дојран. Се чека и по еден час за влез во Грција.

Дојран

За излез од земјава се чека од 15 до 20 минути поради обавување на задолжителната проверка на документите, но и тоа дека чекањето го диктира грчката страна поради која во моментот е бавна во обавувае на формалностите поради што двете граници се споени со возила.

Нашите гранични службеници не можат да проценат колку време е потребно да се мине грчката граница, но затоа потврдија дека на наша страна во моментот функционираат пет сообраќајни ленти за автомобили и една за автобуси и камиони.