По препорака на Комисијата за заразни болести, Владата на денешната 56-та седница донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22 часот навечер до 05 часот наутро, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април.

Во соопштението од владината прес-служба нема информација за дополнителни мерки.

Министерот за здравство Венко Филипче претходно посочи дека доколку дојде до влошување на состојбата со ковид-19, не се исклучува можноста за кратење на работното време на угостителите и зголемување на времето на полицискиот час.